Мајкл Џордан е најбогатиот спортист на сите времиња

Кошаркарската легенда, Мајкл Џордан, официјално е најбогатиот спортист на сите времиња, иако одамна ја заврши својата играчка кариера.

Според магазинот „Форбс“, Џордан веќе има богатство од 1,7 милијарди долари, а само во изминатава година се збогатил со дури 300 милиони долари. Најголем дел од заработувачката на Мајкл Џордан доаѓа од неговата заштитна марка „Ер Џордан“  што е дел од гигантот за производство на спортска опрема „Најк“, како и од акциите во НБА тимот на Шарлот. Шесткратниот освојувач на шампионскиот прстен во НБА со Чикаго булс, сега е доминантен сопственик на Шарлот  каде поседува 90% од акциите.

Во Топ 10 на најбогатите Американци за 2018 година, влегува само уште една личност од спортот – голферот Тајгер Вудс. Богатството на Вудс е проценето на 800 милиони долари.

Се вчитува...