Ѓоковиќ: Имам една голема желба – да го стигнам рекордот на Федерер

Новак Ѓоковиќ имаше феноменална година во која се искачи на врвот на АТП-листата, па српскиот тенисер сега пред себе си исцрта нов цел – да го стигне рекордот на Роџер Федерер за најмногу освоени гранслем титули во кариерата. Швајцарецот досега има 20 пехари од четирите најсилни турнири, зад него е Надал со 17, додека Ѓоковиќ моментно се наоѓа на делба на третото место со Пит Сампрас, со по 14 трофеи.

„Секако дека примарна желба ми е да останам што подолго на врвот на АТП-листата, но гледано на подолг рок – би лажел ако кажам дека не го меркам рекордот на Федерер. Желба ми е што повеќе да го зголемувам бројот на освоени пехари на гранслем турнирите, па ако ми е укаже можност и да го надминам остварувањето на Роџер. Освоив се што можеше да се освои во кариерата, сега би сакал да триумфирам што повеќе на главните четири турнири“ – истакна Ѓоковиќ.

По успехот на ревијалниот турнир во Абу Даби српскиот тенисер се упати кон Доха, каде во првото коло ќе се сретне со Дамир Џумхур од БиХ.

Се вчитува...