„Шеик“ Новак Ал-Ѓоковиќ се јави од Катар

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ не само што не го откажа настапот во Доха, туку и испрати порака до своите фанови – како шеик.

Тој во наредните седум дена ќе настапи на егзибицискиот турнир „Катар Ексон Мобајл Опен“ во Доха, на кој триумфираше два пати претходно, во 2016 и во 2017 година.

Србинот на кого ова ќе му биде четврти настап на натпреварувањето во Доха, се појави во видео снимка облечен во традиционално арапско одело.

Поздрав на сите! Овде Новак Ал-Ѓоковиќ! Се јавувам од Катар, поточно од Доха. Прекрасно е повторно да се биде овде. Како што гледате се облеков поинаку, но се чувствувам одлично. Сакам на сите да им испратам срдечни  поздрави и се надевам дека многумина од вас ќе ве видам оваа недела на турнирот“ – порача српскиот тенисер.

Противник на Ѓоковиќ на стартот на турнирот ќе му биде 47.тенисер во светот, Дамир Џумхур. Србинот во Доха че се обиде да стане вториот тенисер што успеал да освои три титули во 27 години долгата историја на ова натпреварување. Тоа досега единствено го има остварено Роџер Федерер кој славеше во Доха во 2005, 2006 и во 2011 година.

Се вчитува...