Хуан Мартин дел Потро го оправдува епитетот на еден од најмалерозните спортисти и во 2019 година, откако аргентинскиот тенисер на првиот ден од новата година ги разочара своите фанови со веста дека нема да може да настапи на претстојното издание на Австралија опен.
Дел Потро се повреди кон средината на октомври, во осминафиналето од Мастерс-турнирот во Шангај против Чориќ, па и покрај напорната работа и обиди да се оспособи за настап во Мелбурн сепак денеска објави дека тоа нема да биде возможно.
„Рехабилитацијата тече многу добро, но подоцна ќе ви кажам каде ќе биде мојот камбек на теренот. За жалл, тоа нема да се случи во Австралија“ – напиша Дел Потро на својот твитер-профил.
Овогодинешното издание на Австралија опен ќе се одржи од 14 до 27 јануари, а бранител на трофејот во машка конкуреција е Роџер Федерер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА