ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Македонската репрезентација успешно го стартуваше настапот на СП 2019, но стручниот штаб се соочи со неочекувани проблеми веднаш по победата над Јапонија.
Имено, желбата на Раул Гонзалес веднаш да почне со видео-анализа на триумфот над „самураите“ не се исполни поради технички причини – очајниот интернет обезбеден од страна на организаторот.
„Селекторот сакаше видео-анализа пред вечерата, но тоа не беше возможно. Интернетот беше очаен, не можеше навреме да се добијат неопходните материјали за да се одржи состанок и да се укаже на позитивните и на негативните работи од првиот натпревар“ – откриваат од македонскиот табор.
Среќна околност е што денеска е слободен ден, па стручниот штаб сепак ќе има доволно време за да ги подготви ракометарите за она што ќе ги очекува на утрешниот дуел со Бахреин, закажан за 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА