ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Ракометарите имаат голема поддршка во Минхен, а на трибините во „Олимпија Хале“ забележавме и добро познати лица од претходните шампионати – петмината „боеми“ од Кочани кои патуваат низ Европа за да ги бодрат нашите репрезентативци.
Секогаш обелечени во боите на нашата држава, Зоран, Бранко, Тоше, Киро и Ѓорѓи го привлекувааат вниманието и на дел од навивачите на останатите репрезентации, кои бараат да се фотографираат со нив.
„Секаде каде што игра ракометната репрезентција, ние петмина сме заедно и ги бодриме нашите репрезентативци. Традицијата почна од Задар на шампионатот во Хрватска во 2009 година, по што продолжи и на сите наредни шампионати. Ќе продолжиме во ист стил и во иднина, бидејќи ракометарите ја заслужуваат нашата поддршка“ – порачуваат петмината „боеми“ од Кочани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА