Германија демонстрираше моќ и доминација и ја запиша втората победа совладувајќи го Бразил со 34-21 во вториот натпревар од А групата во Берлин на Светското првенство на кое се домаќини заедно со Данска.
По убедливата победа над Кореја наотварањето на Мундијалот, избраниците на Кристијан Прокоп лесно ја решија и втората задача на ова СП. Германците одиграа дициплинирано и максимално рационално и практично, го решија мечот уште по првите десетина минути поведувајќи со 9-2.
За разлика од домаќините кои имаа ден одмор по првиот меч, Бразилците за неполни 24 часа одиграа два исклучително тешки меча против два фаворити за титулата, вчера со Франција, денеска со Гермнија и во првиот дел тешко успеваа да држат чекор со противникот. Во првата четвртина Бразил постигна само два гола од вкупнките осум во првото полувреме (15-8).
Германците ја задржаа контролата на играта и на резултатот и во второто полувреме. Бразилците се обидоа да го сопрат налетот на домаќинот со длабока агресивна зона, но Германија имаше и игра и предност за сигурен триумф.
Уве Генсхајмер одново голгетерски ја предводеше Германија со 10 гола. Дури 13 ракометари на Германија се запишаа во листата на стрелците на овој меч, сите освен Семпер и голманите Волф и Хајневетер. На противничката страна, Тоеледо постигна пет, а Нантес беше стрелец на четири гола за Бразил.
Во вториот натпревар од Групата Ц во Херниг, Норвешка очекувано славеше убедлива победа против Саудиска Арабија со 40-21.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА