Лино учи од Раул – Хрватска против Јапонија ќе игра како Македонија

Поглед од милион долари! Лино Червар ги изгледа последните минути од првиот натпревар во кој Македонија стави точка на убедливата победа против Јапонија. Червар сериозно ја простудира играта со која Раул Гонзалес го реши Дагур Сигурдсон, и сигурно ќе искористи нешто од добитната комбинација во денешната пресметка на Хрватска со Јапонија (16.30 ч.) во втората рунда од групата Б во Минхен.

Не е реален поразот на Јапонија од Македонија. Тие вредат повеќе од овој висок пораз од добрата Македонија, имаат добра транзиција и дури се и технички потковани. Единствено им недостасува искуство, но не се тим за потценување. Јапонија ќе биде идеална прилика за нас да видиме како се носиме со брзи противници што играат брз центар“ – процени Лино Червар.

Бркотницата со Јапонците нема смисла, бидејќи речиси е невозможно да ги фатиш по терен, па реално е да се очекува дека Храватска ќе игра како Македонија која ги разби со 38-29. Македонците ги чекаа да погрешат и ги казнуваа, што не би требало да биде проблем за Хрватска, најавуваат хрватските медиуми во пресрет на денешната пресметка на „коцкестите“ со Јапонија.

„Со Јапонците не е лесно да се трка, но ние нема да се наттрчуваме. Маакедонците тоа ладно го одработеа, а така треба да се поставиме и ние“ – изјави хрватскиот пикер Жељко Муса.

Се вчитува...