ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Марин Шего и денеска бранеше одлично на голот на Хрватска, по извонредното прво полувреме во вториот дел му го препушти своето место на Стевановиќ, добивајќи заслужен одмор пред наредниот натпревар против Македонија. Тој е свесен дека „коцкестите“ нема да имаат нималку лесна задача на утрешната пресметка во Минхен, а како клуч за успехот на својата репрезентација ја посочи одбраната против Кире Лазаров.
„Победивме на првите две средби со одлична игра што ни ја зголемува самодовербата. Утре пред нас ќе биде добрата селекција на Македонија и јасно и е дека ќе мораме стопроцентно да влеземе во натпреварот ако сакаме да забележиме нов триумф. Кире Лазаров е клучен играч, јас добро го познавам бидејќи игравме заедно во Загреб, а потоа имаме и бројни дуели ширум Европа. Сите знаат кој е Кире Лазаров, врвен играч, врвен шутер и лидер на вашата репрезентација, јасно ни е дека ако сакаме да победиме ќе треба да најдеме начин да го запреме него“ – истакна Шего.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА