Андерлехт пресече: Врањеш префрлен во резервниот тим поради аферата со Карлеуша

Го стигна казната на репрезентативецот на БиХ, Огњен Врањеш по скандалот поврзан со љубовната афера со српската пејачка Јелена Карлеуша, со кој ги полнеше европските медиуми изминатиов период.

Директорот на Андерлехт денеска соопшти дека Врањеш е префрлен во иднина во Б тимот на клубот, а е ставен и на трансфер листа.

„Врањеш покрај својот го разниша и угледот на клубот со скандалите поврзани со неговото име по медиумите. Поради тоа одлучивме тој да биде исклучен од првиот тим и да биде префрлен да тренира со резервниот тим, а во очекување и на трансфер. Ако имаме понуда за него во овој преоден рок секако ќе биде продадени, ако не во пролетната сезона ќе тренира со резервниот тим“ – информираше Михаел Фершурн.

 

Врањеш го стигна казната, иако веќе е јасно дека имал љубовна афера со Карлеуша на која, како што истакна претходно, со објавувањето нејзини голи фотографии од меѓусебните среќавања сакал да и се одмазди за одлуката сепак да остане со својот сопруг, српскиот фудбалер Душко Тошиќ.

Се вчитува...