Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар ја прекина лошата низа резултати на зимските подготовки во Аланија. По четири порази, „црвено-црните“ за првпат останаа непоразени на дуелот против словачкиот тим Подбрезова играјќи 1-1.
Играчот за врска Дарко Мицевски во 67. минута донесе водство за Вардар на овој меч. Сепак, Подбрезова израмни до крајот на дуелот, со погодок во 78.минута.
Претходно, Вардар доживеа порази на подготовките од Черно Море, Иртиш Павлодар, Сумгајт и од Миеѓ Легница, а последниот тест ќе го има на 3. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА