Беласица ремизираше против Петролул Плоешти

Македонскиот прволигаш Беласица ремизираше (1-1) против романскииот клуб  Петролул Плоешти на пријателскиот натпревар што се одигра во Анталија. Беласица дојде во водство со голот на Мартин Мирчевски на почетокот на вториот дел, додека Романците израмнија со погодокот на Русу.

Тимот на Цицмиловиќ се подготвува за пролетните искушенија. Беласица ја чека тешка битка за опстанок во елитното македонско фудбалско друштво.

Се вчитува...