Динамо Загреб за само 25.000 евра си го „украде“ Антовски од Вардар

Младинскиот репрезентативец Филип Антовски својата кариера ќе ја продолжи во Динамо Загреб, информираа официјално денеска од канцеларијата на хрватскиот шампион.

18-годишниот Антовски се одлучи на заминување од Вардар и преселба во редовите на Динамо Загреб, иако претходно речиси и да беше комплетно договорен за трансфер во сплитски Хајдук. Но, пресуди желбата да игра во најтрофејниот хрватски клуб, и покрај фактот, како што пренесува „Спортске новости“, дека Хајдук давал и поголема сума за неговите услуги.

Интересно, Динамо Загреб услугите на еден од најталентираните македонски фудбалери ги доби за само 25.000 евра исплатени на Вардар. Уште една епизода од вардаровата приказна за „бесплатна распродажба“ на најголемите свои таленти.

Според најавите, Антовски, кој игра на левата бековска позиција, сосема очекувано најпрво ќе биде дел од вториот тим на Динамо Загреб кај Игор Јовичевиќ, а потоа ако се докаже ќе ја чека својата шанса и да заигра за првиот тим.

Се вчитува...