Тони Мегленски, по само шест месеци откако доби отказ, повторно е именуван за шеф на стручниот штаб на прилепска Победа.
По оставката на Јане Николоски, акционерите и сопственици на ФК Победа одлучија довербата да го води тимот повторно да му ја дадат на Мегленски како човек кој долго е во клубот и кој ги познава состојбите во редовите на прилепскиот прволигаш и посебно играчкиот кадар.
Како што информираат од клубот, Мегленски официјално ќе биде промовиран во понеделник (25. март) во 12 часот во клупските простории на Победа на отворена прес-конференција на која ќе можат да присуствуваат и сите љубители на фудбалот, навивачи и спортски работници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА