Спектакуларно отворање на „Ел Класико“: Евро-гол на Рашфорд, Барса има 2-0 по 18 минути (ВИДЕО)

Спектакуларно отворање на фудбалерите на Барселона на „Ел Класико“ со водство од 2-0 по само 18 минути игра.

Веќе во раната фаза од натпреварот, Маркус Рашфорд изведе слободен удар од категоријата „неодбранлив“.

Извонредна изведба, а Тибо Куртоа остана целосно немоќен. Публиката за момент замолкна, а потоа експлодираше.

А, веќе во 18. минута и Феран Торес стрелаше за водство и од 2-0.

Се вчитува...