Португалскиот ас Кристијано Роналдо важи за голем љубител на автомобилите, во својата колекција има неколку скапоцени миленичиња, а одлучи и да ја збогати со најскапиот автомобил во светот. Тој го купил еден од првите примероци на најновиот Bugatti La Voiture Noire, автомобил кој чини 10 милиони фунти и беше претставен на саемот во Женева.
Француската компанија за луксузни автомобили го произведе овој прототип за прослава на 110-годишнината од постоењето, а тој многу наликува на легендарниот Bugatti Type 57 SC Atlantic. Иако производителите се обиделе да го задржат во анонимност името на првиот купувач на луксузниот автомобил, сепак, Роналдо самиот се пофалил на блиските пријатели дека се подновил со новиот Bugatti La Voiture Noire.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА