Металург 2 по кратка пауза се враќа назад во македонската ракометна елита откако оваа екипа успеа да го осигура првото место во Првата лига, обезбедувајќи си автоматски влез во Супер-лигата за наредната сезона.
Избраниците на Раде Стојановиќ влегоа како лидери во последното коло и не ја пропуштија шансата да го осигураат првото место со рутинска гостинска победа против Вардар Неготино (24-32).
Јуниор Кисела Вода и Работнички в сабота (13:00 во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода) во директна битка ќе решат за втората позиција на табелата, која носи бараж натпревар со екипата на Прилеп за последното место во Супер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА