Њујорк ја „исчисти“ Филаделфија…, први финалисти на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк Никс се првите учесници во финалето на Источната конференција на НБА лигата, откако ја елиминираа Филаделфија со максимален резултат од 4-0 во серијата.

Никси ги „исчистија“ Сиксерс на многу убедлив, па дури и неочекувано лесен начин, благодарение на шутерската рапсодија во четвртиот натпревар, кој го добија со резултат од 144-114.

Њујорк го отворија натпреварот со нереален шут однадвор и погодија дури 11 тројки од првите 12 обиди.

Тие 11 шутеви од надвор од линијата од 7,24 метри се нов НБА рекорд во ерата на плејофот под овој формат.

Додека беа на паркетот, најефикасни во победничкиот табор беа Мајлс Мекбрајд со 23 поени и седум тројки од девет обиди, односно Џејлен Брансон со 22 поени и тројки 6/10.

Во тимот на Филаделфија се истакна само Џоел Ембиид, со 24 поени и пет скока.

Во финалето на Истокот, Њујорк ќе го чека исходот од серијата меѓу Детроит и Кливленд, во која Пистонс водат со 2-1.

Се вчитува...