Валенсија му се поклони на Столе: СПЕКТАКУЛАРНИОТ ДИМИТРИЕВСКИ! (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски е прогласен за играч на мечот во вчерашната победа на Валенсија од 0-1 на гостувањето против Атлетик Билбао во Ла Лига.

Димитриевски повторно беше извонреден на голот на Валенсија, со неколку извонредни интервенции, посебно и во финишот од средбата, одбранувајќи ја победата на својот тим.

Токму поради тоа Столе доби и највисока оценка од шпанските медиуми од сите актери на теренот, а и самата Валенсија не можеше а да не му се поклони:

„Спектакуларниот Столе Димитриевски“ – напиша Валенсија на социјалните мрежи споделувајќи и една од неколку извонредни одбрани на македонскиот голман.

А, од вчера „вријат“ и социјалните мрежи поврзани со шпанскиот фудбал, каде се нагласува улогата на Димитриевски во последните одлични резултати на Валенсија. Со повик од страна на навивачите на Валенсија, веднаш на македонскиот голман да му се даде нов договор…

Се вчитува...