Полицијата во Сао Паоло поднела тужба против Најила Триндад, девојката која го обвини за силување бразилскиот ас Нејмар. Најила секој ден е на насловните на бразилските медиуми, во кои во едно интервју ја обвинува и полицијата за која вели дека е корумпирана.
„Полицијата е корумпирана зар не? Или јас сум луда“, изјави Триндад.
Поради изјавата полицијата во Сао Паоло поднела пријава поради навреда и клевета од страна на Триндад.
„Честа на полицијата како една праведна институција е повредена со изјавите кои што ги изнесе таа и затоа решивме да поднесеме пријава за клевета“, стои во соопштението на полицијата во Сао Паоло.
Манекенката пред две седмици го обвини Нејмар за силување, потоа тој обидувајќи да се одбрани го обајви нејзиниот идентитет, излегуваа виде од нивните средби во хотелот, а девојката се пожали и дека е постојано прогонувана од фановите на ѕвездата на ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА