Младен Крстајиќ од денеска повеќе не е селектор на репрезентацијата на Србија, откако Одборот за Итност при фудбалската федерација на северниот сосед реши да го промени кормиларот на националниот тим. Поразот од 5-0 на гостувањето против Украина беше преголем дебакл за Крстајиќ да може да остане на функцијата, па иако потоа следеше убедлива победа над Литванија селекторската смена беше неизбежна.
Именувањето на нов селектор се очекува во следните денови, а апсолутен фаворит во оваа трка е Љубиша Тумбаковиќ. Српскиот стратег доби отказ во Црна Гора откако одби да ја води оваа селекција против Косово, а само неколку дена подоцна ќе ја добие и „наградата“ – селекторска функција во својата татковина.
Младен Крстајиќ дојде на чело на српската репрезентација во ноември 2017 година, откако Србите неочекувано го сменија Славољуб Муслин непосредно откако овој стратег ги одведе „орлите“ на СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА