Натурализираниот македонски борач, Могамедгаџи Нуров денеска ќе се бори за бронза во категоријата до 97 килограми на Европските игри во Минск. Утрово во првото коло во репасажаот, Нуров го совлада Унгарецот Михали Сабо со технички туш.
Во мечот за бронза македонскиот борач ќе се сретне со Белорусинот Александар Хуштин. Во главниот дел од жребот, Нуров во првото коло беше подобар од Караускас од Литванија со 10-0, а во второто коло загуби од Садулаев од Русија со 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА