Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред настапите на Вимблдон откри кој меч го смета за свој најдобар во богатата кариера.
„Без сомнеж тоа е финалето на годинашниот Австралија опен против Надал. Во финале на грандслем турнир, против Надал кој беше во одлична форма не губејќи ниту еден сет дотогаш…. Беше тоа неверојатен меч“ – вели Ѓоковиќ.
Србинот тогаш славеше против Надал со 6-3,6-2,6-3… А, кога е збор за Вимблдон, Новак и тука ја брани титулата освоена минатата година.
„Минатогодишната победа на Вимблдон ми беше веројатно најважна во кариерата. Многу нешта ми се случија во тој период па ми беше крајно неопходно такво нешто за да се вратам на квалитетниот тенис. Сега сакам повторно да уживам и во овој Вимблдон оваа година“ – истакнува Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА