Кога почнуваат најсилните лиги во Европа?

Европските гиганти пред десетина дена ги стартуваа подготовките за новата сезона, а дел од нив веќе заминаа и на турнеи на различни страни од светот. Во следниот период ќе почнат да стартуваат лигите во различни земји ширум Европа, но оние Топ 5 шампионати вообичаено својот старт ќе го имаат во текот на месец август.

Премиер-лигата ќе почна на 9 август, ист датум како и француската Лига 1. Прв меч од елитното англиско фудбалско друштво ќе биде дуелот на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Норвич, додека сезоната во Франција ќе ја отворат Монако и Лион.

Наредниот викенд стартуваат возбудувањата во Германија и во Шпанија. Бундес-лигата на 16 август ја отвора шампионот Баерен Минхен на домашен терен против Херта, а во „Ла Лига“ исто така првиот натпревар ќе го игра шампионот, Барселона му гостува на Атлетик Билбао.

Вообичаено, последна од Топ 5 лигите почнува италијанската. Предвидено е стартот да биде на 24 август, но се уште не е извлечен календарот за натпреварување, па не се знае кој ќе биде прв меч од новата сезона.

Се вчитува...