Мане: Би го сменил медалот од ЛШ за титула со Сенегал

Садио Мане стигна до европската круна со Ливерпул, а одличниот голгетер има можност да стигне до уште еден голем трофеј – доколку вечерва со Сенегал слави над Алжир во финалето од Купот на Африкански Нации. Тој уште пред почетокот на натпреварувањето изјави дека е подготвен да го менува медалот од ЛШ за титула со Сенегал, останувајќи на тој став и во пресрет на вечерашниот меч за титулата.

Реков тогаш и останувам на истото мислење, титула со Сенегал би била врв на мојата кариера. Би го сменил трофејот од ЛШ ако можев, но за среќа, имам можност да ги обединам двете титули, и тоа во иста година. Смешно ми е што Купот на Африка не се третира на ист начин како ЕП или како Копа Америка, кога навистина е исклучително тешко да се стигне до трофејот. Знам дека нема да ни биде лесно, Алжир е силен противник, но ние на овој шампионат покажавме дека играме одличен фудбал“ – истакна Мане.

Сенегал и Алжир се сретнаа и во групната фаза од натпреварувањето, при што Алжирците славеа со минимални 1-0 со голот на Белаили во 49. минута. Сенегалците се без триумф на последните пет дуели со вечерашниот ривал (четири порази и едно реми), „црна серија“ што Мане и соиграчите ќе се обидат да ја прекинат на ова финале.

Се вчитува...