Македонскиот прволигаш Академија Пандев ја засили одбраната со српскиот интернационалец Марио Маслаќ. Тој минатата сезона настапуваше во дресот на Беласица, а сега повторно се враќа во Струмица, но како адут на Академија Пандев.
Претходно, тимот на Академија Пандев се засили и со напаѓачот Марко Рајковиќ од Силекс. По елиминацијата во квалификациите на Лигата на Европа, тренерот Југослав Тренчовски и раководството на клубот проценија дека на тимот му се потребни дополнителни засилувања за настап во новиот шампионат на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА