Македонскиот првак Шкендија нема веќе простор за ескивирање, ќе мора да нападне фронтално и да го совлада Дуделанж во Луксембург, ако сака да остане на европскиот пат и да продолжи во третото коло од Лигата на Европа. Тимот на Ќатип Османи има негатива (1-2) од првиот меч и ќе мора да постигне најмалку два гола за да се надева на успех.
Стрелецот на голот на првиот натпревар, Агим Ибраими, верува дека Шкендија може да возврати со триумф на гости и да се пласира во следното коло од Лигата на Европа.
„Нашата работа е да покажеме колку знаеме на теренот. Имаме квалитетен тим кој умее да се извлече и од вакви ситуации. Свесни сме дека ова е последната шанса и ќе се обидеме да ја искористиме“, вели Агим Ибраими.
Одбраната ќе мора да биде многу поцврста, нападот максимално ефикасен, или накусо…многу поинаква Шкендија од онаа што досега се претстави во Европа. Претрпе порази од Номе Калју и од Дуделанж, екипи кои не се од горниот дом на европскиот фудбал.
Натпреварот се игра со почеток во 17.55 часот на стадионот „Жози Бартел“ во Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА