Федерер среде меч го советуваше Надал: Ајде малку живост, спин…, како некогаш (ВИДЕО)

Роџер Федерер и Рафаел Надал, сосема очекувано, се во центарот на вниманието на „Лајвер купот“ кој овој викенд се игра во Женева.

Едни од најдобрите тенисери во историјата пред два дена како тренери го смируваа нервозниот Фабио Фоњини на мечот против Џек Сок, а вчера отидоа и чекор понатаму.

Најпрво Рафа во улога на тренер го советуваше и бодреше Федерер за време на мечот против Ник Кирјос, а нешто подоцна Роџер возврати на ист начин. Кога Рафа во вториот сет губеше брејк против Милош Раониќ, Федерер дојде до клупата и како искусен тренер делеше совети…

„Мораш повеќе да излегуваш на мрежа, натерај го да се обиде да пробие. Одличен си на мрежа. Дај малку спин, слајс, живост, како некогаш“ – советуваше Федерер.

Роџер и Рафа одлично се забавуваат на ревијалниот турнир меѓу Европа и светот. По два дена Европа води со 7-5.

ВИДЕОТО може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...