Кандидатот за местото претседател на ИТФ, Дејв Мајли, истакнува дека тенисот може да се најде во големи проблеми кога Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе стават крај на кариерите. Јасно дека двете легенди на тенисот нема уште долго да играат, а нивното заминување по долгогодишната доминација може да предизвика негативни ефекти, смета Мајли.
„Мислам дека тенисот како спорт се уште не е подготвен за такво нешто. Кој ќе го промовира тогаш тенисот? Кој ќе ги заземе нивните места? Ако бидам избран за претседател на ИТФ ќе ангажирам луѓе кои ќе работат на промоција на нашиот спорт“, изјави Мајли.
Федерер и Надал се двајцата најуспешни тенисери по бројот на освоени грен-слем титули. Швајцараецот досега ги има 20, додека Шпанецот една помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА