Еурофарм Работник го доживеа првиот пораз во четвртото коло од СЕХА лигата. „Фармацевтите“ загубија на гостувањето од ППД Загреб со 24-23, во меч во кој прв триумф на клупата на хрватскиот тим запиша поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ.
Тренерот на Работник, Стевче Алушовски не го криеше разочарувањето од минималниот пораз…
„Сакам најпрво да му честитам на мојот пријател Вујовиќ за неговата прва победа по доаѓањето на клупата на Загреб. За нас, пак, е штета што повторно губиме натпревар со само еден гол разлика. Ова ни кажува дека мора малку повеќе да поработиме и да се потрудиме да го избегнеме тоа на следните натпревари“ – вели Алушовски.
А, фактот дека Еурофарм Работник постојано губи со еден гол не му побегне ниту на популарниот Вујо.
„Мора да кажам дека беше интересен, неизвесен меч до самиот крај. Жално е што Еурофарм Работник продолжува да губи натпревари со само еден гол, но тоа е спортот. Денеска победивме ние, следниот пат можеби нема да биде така“ – истакна Вујовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА