Одредени термините за полуфиналните натпревари во младинскиот Куп

Оваа недела ќе бидат познати финалистите во Купот на Македонија во младинска и кадетска конкуренција.

Кај младинците во првото полуфинале се среќаваат Шкупи и Вардар, а натпреварот ќе се игра во вторник, 12 мај со почеток во 16 часот. Вториот финалист ќе биде познат ден подоцна откако АП Брера и Пелистер ќе го одиграат дуелот кој е закажан за 11 часот.

Во кадетска конкуренција двете полуфинални соочувања се предвидени за в среда, 13 мај.

Во 11 часот, Вардар се среќава со АП Брера додека од 17 часот, Њу Старс ќе се соочи со Пелистер.

Кај пионерите за пехарот ќе се борат градските ривали Вардар и Македонија ЃП, а терминот на одигрување на овој натпревар ќе биде дополнително одреден како и датумите за финалните соочувања во младинска и кадетска конкуренција.

Се вчитува...