Добро прочитавте: Рони О’Саливен стана светски шампион!

Рони О’Саливан продолжува да блеска и на 50-годишна возраст.

Легендарниот Англичанец стигна до титулата светски шампион во снукер за ветерани, победувајќи го Џо Пери со 10-4 во Крусибл.

Асот познат по прекарот „Ракета“ за прв пат учествуваше на шампионатот за ветерани и веднаш стигна до трофејот. Во иконскиот Крусибл, по ред паднаа Кен Доерти (4-1), Питер Лајнс (4-2), Роберт Милкинс (7-5) во полуфиналето и претходно споменатиот Пери во решавачкиот натпревар.

Интересно е што тој постигна дури четири „сенчри“, односно брејкови од 100 или повеќе поени.

Се вчитува...