„ПРЕСИНГ“ со првиот човек на РФМ, Александар Стефанов и македонската икона Филип Миркуловски – Се за мак-ракометот! (ВИДЕО)

НОВА (22) ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – Со претседателот на Ракометната федерација на Македонија, АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ и со иконата на македонскиот ракомет, ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ‼️‼️‼️

Се за македонскиот ракомет, за минатото, за актуелностите но и за сите идни планови и амбиции… За новиот супер-настан поттикнат од РФМ – 17 мај – „НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РАКОМЕТОТ“ – ден кој ќе биде посветен на спортот број 1 во Македонија‼️‼️

РАЗГОВОРИ ЗА…

  • Од каде идејата на РФМ за воспоставување на еден убав настан – 17 мај – „НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РАКОМЕТОТ“!?
  • А, токму на 17 мај, и Македонија го игра баражот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027… Какви се очекувањата за баражот!? Ќе ја видиме ли Македонија повторно на Мундијал!?
  • За првата година од претседателствувањето на Александар Стефанов, на чело на Ракометната федерација на Македонија!
  • За извонредната кариера на Филип Миркуловски…, потоа и понудите да продолжи со ангажман во Германија, но на крај одлука да се врати во својата Македонија како координатор на сите машки национални тимови во РФМ
  • Паралела – како беше кога Стефанов и Миркуловски беа ракометари на теренот, и како е сега за младите генерации!? Кои се предизвиците со кои сега се соочуваат младите спортисти!?
  • Зошто ракометот е спорт број 1 во Македонија!?
  • Парите како вечен проблем. Дали е добар актуелниот систем на финансирање во спортот, и колку е тешко да се привлечат сериозни компании кои ќе инвестираат во спортот?
  • Филип Миркуловски за историскиот настап на ЕП во Ниш, Србија, од каде почнаа потоа сите оние успеси на онаа златна генерација на Лазаров, Мојсоски, Ристовски, Алушовски…!
  • Миркуловски за атмосферата во онаа златна генерација… Кој беше задолжен за позитивниот дух во тимот, кој беше мотиваторот, кој селектор остави најголем впечаток!?
  • Кога Александар Стефанов за неколку години би се осврнал на реализираното во македонскиот ракомет во овој период, од што би бил задоволен?


=============================================

Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди =============================================

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“….

Се вчитува...