Кошаркарите на ЦСКА Москва стигнаа и до 15-та победа во 21. коло од Евролигата, славејќи со 81-70 против Валенсија на домашен терен.
Русите низ текот на целиот натпревар го контролираа мечот, постојано одржувајќи предност која беше заокружена со 11 поени разлика во последната четвртина.
Најдобар во победничкиот тим беше Јоханес Војтман со 19 поени, а Мајк Џејмс мечот го заврши со 14 поени. Во редовите на Валенсија се издвои Ван Росом со 16 поени.
Зенит во драматичен меч беше подобар од Олимпијакос победувајќи со 91-87. Кај Русите предводеше Евгениј Воронов со 21 постигнат поен, додека на Олимпијакос не му помогна ниту одличниот Василис Спанулис со 31 поен и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА