Одом: Бог да ме земеше мене, а да му простеше на Коби…

Ламар Одом мина неколку сезони крај Коби Брајант во дресот на ЛА Лејкерс, а поранешниот олстар-кошаркар преку својот инстаграм-профил се прости од легендата на НБА-лигата. Воедно, Одом откри дека Брајант бил еден од ретките пријатели што дошле да го посетат додека со борел со зависноста од наркотици во најтешките моменти во животот.

„Ме научи многу работи за животот, што треба да правам на теренот и надвор од него. Нашата врска не може да се опише како татко-син, тој повеќе ми беше учител, а јас негов брат. Не можев да дишам кога ја слушнав веста. Господ ми го зеде братот прерано. Знам дека имав многу проблеми со дрогата, не бев добар кон себе. Ако имаше шанса да побарам од Госпоред да ме земе мене и да му прости на Коби, би го сторил тоа. Од почит кон тебе, брату мој, утре наутро ќе станам во 4 и ќе почнам да вежбам“, напиша Ламар Одом.

Се вчитува...