Лос Анџелес Лејкерс и без помошта на Леброн Џејмс продолжува со одличните партии во НБА лигата. Најдобриот тим од Западната конференција го преслуша Голден Стејт Вориорс совладувајќи го на гостински терен со убедливи 86-116. Ентони Дејвис со 23 поени беше најефикасен во таборот на „Езерџиите“, додека Кајл Кузман мечот го заврши со 18 поени. Кај поразените Ерик Паскал уфрли 23 поени.
Сакраменто Кингс пропушти позитива од 19 поени и на крајот загуби од Оклахома Сити Тандер со 122-118. Италијанецот Данило Галинари со 24 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Шеј Гилџерс Александер додаде 20. Херисон Барнс со 21 и Немања Бјелица со 18 поени беа најдобри во таборот на Кингс.
Во останатите мечеви од понудата Филаделфија – Њујорк 115-106 и Индијана Портланд 106-100.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА