Нов пех за Лука Дончиќ

Неверојатниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ е под знак прашалник за вечерашниот натпревар на неговиот Далас Маверикс против Мемфис Гризлис. Младиот Словенец пред две вечери во победата над Њу Орлеанс Пеликанс стигна до 21 трип-дабл што стана најдобар кошаркар на Мавс во историјата кога е во прашање овој учинок, надминувајќи го легендарниот Џејсон Кид.

Продолжи да урива секакви рекорди, но сезонава го следат и доста пехови. Тој веќе пропушти неколку натпревари поради повреди на зглобот и палецот, а сега американските медиуми пренесуваат дека поради болки во раката последниот тренинг на Далас го заврши порано.

Тоа би можело да значи дека ќе го пропушти натпреварот против Мемфис, а не е познато колку време би бил надвор од терените. Сезонава Дончиќ просечно бележи по 28.5 поени, 9.5 скока и 8.8 асистенции по натпревар.

Се вчитува...