Легендарниот американски велосипедист, Ленс Армстронг во документарниот филм на ЕСПН дел од серијалот „30 за 30“ кој се занимава со неговиот живот, говори за подемите и падовите во кариерата. Армстронг кој во 2012 година поради допинг скандал беше доживотно суспендиран, раскажа една интересна анегдота од 2018 година.
„Кога животот ми е се претвори во тоа што ми се претвори, си реков на себе дека сега каде и да отидам целиот мој живот на улиците луѓето ќе ми велат е*и се. Поминуваа денови, седмици, месеци, години. Знам дека сите сакаа тоа да ми кажат, но веројатно никој немаше доблест тоа да ми го каже директно. Требаше пет години за тоа. Момци во еден локален ресторан почнаа да ме навреруваат и да ми викаат Ленс е*и се. Морав нешто да направам, сепак јас сум Ленс. Им ја платив сметката и на келнерот му реков кажи им на момците дека се е подмирено и дека им испраќам љубов од мојата маса“, вели Армстронг.
По допинг скандалот на Армстронг му беа одземени сите седум победи на „Тур д’ Франс“ и е прогласен за еден од најголемите измамници во историјата на спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА