Мајк Тајсон во септември се враќа во рингот. Договорена е негова борба со славниот Рој Џонс, која треба да се одржи во септември. Официјалната промоција на мечот треба да се случи следната недела.
Согласно договорот меѓу двете страни треба да биде тоа борба во осум рунди која ќе се одржи во САД. Рој Џонс е поранешен шампион во четири тежински категории. Има 51 година, а интересно е дека се пензионираше пред само две години со скор од 66 победи и 9 порази.
Џонс има руски пасош кој го доби како во оваа земја би можел да работи и печали за да ги исплати долговите кои ги направи во САД. Интересно е дека Џонс во 2003 година како ВБА светски шампион одби 40 милиони долари за борба против Тајсон, затоа што сметаше дека тоа е премалку пари за еден таков меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА