Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон наскоро се враќа во рингот. Тој договори борба на 12. септември против Рој Џонс Џуниор, а спектаклот ќе се одржи во Калифорнија. И додека се најавува спектаклот во Лос Анџелес, се зборува и за еден детаљ, а тој е дека Тајсон договорот за борбата го потпиша додека пушеше „џоинт“. Тајсон ја пропагира употребата на канабис, а исто така е и сопственик на плантажа со марихуана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА