И понатаму останува прашање што ќе биде со азиската тениска турнеа кога е во прашање ВТА календарот. Еден од најсилните турнири на азискиот континент, тој во Токио е откажан поради пандемијата од коронавирусот и за првпат откако се одржува нема да има турнир во главниот град на Јапонија. Откажувањето на турнирот кој постои од 1983. година е нов голем удар за јапонскиот спорт, кој е најмногу погоден поради одложувањето на Летните олимписки игри.
„Се обидовме да најдеме начин како да го организираме турнирот, дури мислевме дека сепак барем без публика ќе може да се организира. Но, мораме да бидеме реални. Здравјето на сите треба да биде на прво место, а ризикот во моментов е преголем“, изјавија организаторите.
ВТА сезоната според тоа што е донесено во моментов треба да продолжи на 3. август со турнирот во Палермо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА