Ѓоковиќ и Надал на списокот на учесници во Синсинати

Организаторите на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати ја објавија листата на потенцијални учесници, но и драстично намалениот награден фонд. На листата се наоѓаат и двајцата најдобри тенисери, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но и покрај тоа нивното учество се уште е неизвесно и зависи од тоа дали ќе бидат дел од УС опен кој треба да почне на 31. август.

Синсинати кој годинава поради пандемијата од коронавирусот, ќе се игра во Њујорк (15. август) ќе има 75 отсто помал награден фонд од минатата сезона. Вкупниот награден фонд е намален за неверојатни 1,8 милиони долари. Тој ќе изнесува 4,2 милиони долари, но нема да влијае на послабо рангираните тенисери туку на тие што ќе стигнат до самата завршница. Шампионот ќе освои „само“ 285.000 долари што е за 1,1 милион помалку од ланската заработувачка на Данил Медведев кој славеше на турнирот.

Се вчитува...