Сопственикот на Далас Маверикс даде интересна изјава во која уште еднаш покажа дека е голем фан на игрите на Лука Дончиќ и дека ништо друго не му е поважно од тоа да го гледа Словенецот во дресот на неговиот тим.
„Ако треба да бирам меѓу сопругата и Лука Дончиќ во дрес на Далас Маверикс, мила се гледаме на суд со документите за развод“, изјави Кјубан.
За Словенецот ова е втора година во НБА лигата, а веќе е меѓу најдобрите кошаркари. Влезе во трката за МВП во регуларниот дел од сезоната, а со одличните партии продолжи и во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА