Пукна НБА „меурот“ во Дизниворлд: Тимовите од Лос Анџелес се за прекин, ќе има нови состаноци

Бордот на НБА лигата и играчите во текот на денов ќе имаат посебни состаноци на кои ќе се дискутира за судбината на сезоната. Прашањето за прекин на првенството кое е во фаза на плеј-оф веќе беше еднаш отворено, но не беше постигната согласност.

Случајот тргна откако Милвоки реши во знак на протест да не го одигра петтиот натпревар од серијата од плеј-офот против Орландо во знак на протест против полициската бруталност, а иницирано од последниот настан во кој невооружен човек беше застрелан со седум куршуми од полицаец во Висконсин. Потоа НБА ги откажа и останатие два натпревар од ноќешната програма.

На првиот состанок околу продложувањето на разигрувањето имало жестока реакција од Леброн Џејмс. Неговиот клуб, Лос Анџелес Лејекрс како и и Лос Анџелес Клиперс наводно едниствени гласале за откажување на сезоната. Денеска ќе треба да биде донесена одлука околу тоа што ќе се случува понатаму.

 

 

 

Се вчитува...