„Кевин Дурант е најталентираниот кошаркар кој некогаш сум го видел“

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер говореше со многу епитети за Кевин Дурант. Кер соработуваше три сезони со Дурант, во кои на два наврати ја освои титулата во НБА, а поради повреда не беше дел од ланското финале против Торонто Репторс.

„Кевин Дурант е најталентираниот кошаркар кој некогаш сум го видел. Погледнете ја неговата висина, брзина, атлетизам… Никогаш претходно не сум видел такво нешто“, изјави Кер. 

Интересна е изјавата на Стив Кер, бидејќи додека беше кошаркар ја делеше соблекувалната на Чикаго Булс со најдобриот на сите времиња, Мајкл Џордан.

Се вчитува...