Кошот на О-Џеј Ануноби на 0.5 секунди пред крајот му донесе драматична победа на актуелниот НБА шампион Торонто од 104-103 во третиот натпревар од полуфиналната серија на Источната конференција против Бостон. „Репторс“ намалија на 2-1 во тирумфи и си го продлжија живото во плеј-офот со оглед дека негатива од 3-0 ќе беше пратично елиминација.
Кајл Лаури кој всушност и ја покрена последната акција за тирумфот беше лидер во победата со 31 поени, херојот Ануноби заврши со 12 поени. За Бостон, Кемба Вокер уфрли 29 поени, а потфрилија Маркус Смарт и Џејсон Тејтум кои имаа реализашија на шут помала од 33 проценти.
“OG ANUNOBY AT THE BUZZER!”
The shot and the @Raptors reax!#TissotBuzzerBeater #ThisIsYourTime pic.twitter.com/37SrlA6xIj
— NBA (@NBA) September 4, 2020
Лос Анџелес Клиперс поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот во Западната конференција со Денвер добивајќи го убедлиов првиот натпревар со 120-97. „Нагетс“ единствено парираа во воведната четвртина окја заврши со по 31 поен за двата тима. Потоа следуваше доминација на составот од Лос Анџелес во чии редови Каваи Ленард постига 29 поени, а Пол Џорџ имаше 19. Кај Денвер, Никола Јокиќ со скормни 15 поени беше прв стрелец. Следниот меч од серијата е ноќта меѓу сабота и недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА