За малку од „готово-вересија“ – Лејкерс на чекор од конференциско финале (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс поведе со 3-1 во полуфиналната серија од Западната конференција против Хјустон Рокетс, откако во четвртиот натпревар славеше со 110-100.

Лејкерс во текот на целиот натпревар имаа голема предност која на седум минути до крајот изнесуваше и плус 23 (101-78). Слеудваше големо опуштање на тимот од ЛА кој можеше да го чини многу, бидејќи Рокетс на една минута до крајот успеаја да да дојдат на само минус пет (105-100). Сепак, во следниот напад следуваше тројка на Алекс Карузо со која „Езерџиите“ стигнаа на само победа од конференциско финале по пауза од цели десет години.

Ентони Дејвис со 29 поени и 12 скока беше прво име во победничкиот табор, додека одличен меч имаше и Алекс Карузо кој заврши со 16 поени, меѓу кои и решавачката тројка на 40 секунди до крајот. Кај Рокетс Вестбрук запиша 25 поени, додека Харден имаше 21, но со очајна реализација од игра (2-11).

 

Се вчитува...