Денвер е специјалист за пресврти во плејофот во НБА-лигата, по камбекот од 1-3 против Јута, тимот предводен од Никола Јокиќ успеа да се избори за мајсторка и во полуфиналето од Западната конференција против ЛА Клиперс. Слично како и на претходниот меч, Денвер се врати од двоцифрена негатива, па со фуриозна завршница стигна до триумф од 111-98 со кој остана во живот за место во финалето на „дивиот запад“.
ЛА Клиперс делуваше сигурно на патот до победата, кога на почетокот од третата четвртина поведе со дури 19 поени разлика. Денвер се врати со серија од 17-0, за во последните 12 минути нагетс предводени од Јокиќ да го декласираат противникот на патот (34-19) до големата победа.
Српскиот центар одигра извонреден натпревар реализирајќи 34 поени, 14 скокови и седум асистенции, Мареј постигна 21 поен за Денвер, додека кај ЛА Клиперс најефикасен беше Пол Џорџ со 33 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА