Ѕвездата на WNBA, Маја Мур се омажи за Џонатан Ајронс, човекот на кого му помогна да излезе од затвор, а беше неправилно осуден за напад и за грабеж. Ајронс беше ослободен од во јули, а помина цели 23 години во затвор. Пресудата му беше преиначена во март годинава. Мур ја паузираше WNBA кариерата од 2019 година за да се фокусира на неговто ослободување.
„Се венчавме пред извесно и планираме да го продолжиме новото поглавје од нашите животи заедно“ – изјави Мур во ТВ интервју.
31-годишната Мур е една од најдобрите кошаркарки во историјата на женската НБА лига. Таа беше прв пик на драфтот во 2011 година селектирана од Минесота и му помогна на тимот да освои четири шампионски титиули. Во 2014 беше избрана за МВП на сезоната. Но, реши да ја прекине кариерата за да му помогне на Ајронс кого го запознала пред 12 години и кој служеше затворска казна од 50 години. Таа најави дека на пролет би можела повторно да и се врати на кошарката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА