Во две седмици со дуели предвидени на два дена и најдоцна до 14 октомври, ако бидат одиграни максимални седум натпревари, НБА ќе го добие новиот шампион. Битката за трофејот, Лос Анџелес Лејкерс и Мајами ја почнуваат в четврток наутро по средноевропско време. Потоа ќе има дуели веќе в сабота, па во понеделник и се со 14. октомври за кога е предвиден потенцијалниот крај на финалната серија.
HEAT. LAKERS. GAME 1 WEDNESDAY at 9pm/et on ABC.
Watch the 2020 #NBAFinals presented by @youtubetv https://t.co/XpZcSqltLC pic.twitter.com/eX55WFe4os
— NBA (@NBA) September 28, 2020
Лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ќе се соочи со поранешниот тим кој го предводеше до две титули. „Кралот“ е во обид да дојде до четвртиот НБА прстен и за тоа ќе има голема помош од составот на „лејкерс“ кој во финалната серија има да понуди почетна петорка од ол-стар ѕвезди. Мајами е во сосема поинаква позиција. Тимот беше во изградба по заминувањето на Џејмс пред шест години.
Мајами се потпира на млади ѕвезди кои сезонава потврдија дека имаат место во НБА историјата. „Жешките“ на патот до финалето го елиминираа фаворитот Милвоки кој беше најдобриот тим на Исток во регуларниот дел од сезоната, а потоа и релативно комотно се справија со Бостон. Тренерот на Мајами, Ерик Споелстра ќе оди во петтото финале во кариерата.
Congrats to Erik Spoelstra of the @MiamiHEAT on making his 5th NBA Finals appearance as a Head Coach! pic.twitter.com/lXouEdsjhL
— NBA (@NBA) September 28, 2020
Лос Анџелес Лејкерс по пауза од една деценија се во финалето на Лигата и се во обид да дојдат до 17-та титула. Леброн, Дејвис и уште неколку искусни борци се перјаницата кој треба да ја врати шампионската слава кај тимот од „градот на ангелите“.
The NBA Finals GAME SCHEDULE ?
Game 1: Wednesday – 9pm/et, ABC
2020 #NBAFinals presented by @youtubetv https://t.co/XpZcSqltLC pic.twitter.com/uEotOJhLrg
— NBA (@NBA) September 28, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА